свет, живот

Најмалку 60 лица починаа од студ последните три недели во Авганистан

Официјални лица соопштија дека силните врнежи од снег и дожд уништиле повеќе од 1.600 куќи

Riyaz Khaliq Khaliq  | 15.03.2024 - Обновена : 18.03.2024
Најмалку 60 лица починаа од студ последните три недели во Авганистан

ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 60 лица ги загубија животите поради ниските температури во Авганистан во период од три недели, објави Толо њуз, пренесува Анадолу.

Според зборовите на Џанан Саик, портпарол на Министерството за управување со природни катастрофи, жртвите починале од студеното време, поради обилните врнежи од снег и дожд.

Тој додаде дека 34 лица се повредени, а во исто време се уништени повеќе од 1.600 куќи.

Поројните врнежи и снежната бура блокирале и неколку патишта во земјата.

Ашраф Хакшанас, портпарол на Министерството за јавни работи, изјави дека се блокирани преминот Саланг и неколку патишта во провинциите Бамијан, Гор, Сарипул, Нуристан и Фарах.

Земјата разорена од војната во последните неколку години се соочува со поплави, земјотреси и суши, што уште повеќе ја влоши и онака лошата состојба на инфраструктурата.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın