живот

Над 1.800 златни ретривери се собраа во Буенос Аирес во обид да се собори светскиот рекорд

- Стотици сопственици на златни ретривери и нивните кучиња се собраа денес во паркoт Боскес де Палермо во Буенос Аирес, со цел да биде соборен светскиот рекорд за најголем собир на оваа раса

Aida Cako  | 09.12.2025 - Обновена : 09.12.2025
Над 1.800 златни ретривери се собраа во Буенос Аирес во обид да се собори светскиот рекорд

СКОПЈЕ (АА) - Стотици сопственици на златни ретривери и нивните кучиња се собраа денес во паркoт Боскес де Палермо во Буенос Аирес, со цел да биде соборен светскиот рекорд за најголем собир на оваа раса, јавува Анадолу.

Настанот, организиран од инфлуенсерот Фаусто Дупере, собра над 1.800 кучиња заедно со нивните сопственици, одгледувачи и љубители на расата.

Сегашниот рекорд од 1.685 златни ретривери го држи Ванкувер, Канада, а аргентинските учесници се надеваат дека токму нивниот собир ќе биде официјално признаен како најголем во светот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın