И покрај бремето на војната во Газа, децата се обидуваат да опстојат во животот претворајќи ги урнатините во игралиште
- Децата кои пораснале меѓу урнатините на домовите уништени од бомбардирањата на Израел врз Појасот Газа, ја одржуваат својата детска надеж лулајќи се на лулашките меѓу урнатините, и покрај суровите животни услови
ГАЗА (АА) - Децата кои пораснале меѓу урнатините на домовите уништени од бомбардирањата на Израел врз Појасот Газа, ја одржуваат својата детска надеж лулајќи се на лулашките меѓу урнатините, и покрај суровите животни услови, известува Анадолу.
Децата, играјќи си на лулашките направени од железните остатоци на урнатите згради, си создале рекреативен простор, надвор од суровата атмосфера на војната.
Со доаѓањето на зимата се влошуваат условите за живот во Газа, која е под блокада на Израел, а децата со својата игра се обидуваат да заборават на реалноста и животот што ги опкружува.
Израел продолжува да го ограничува влезот на храна и лекови во Газа, каде што околу 2,4 милиони луѓе се соочуваат со тешки услови, објави Канцеларијата за медиуми на Владата на Газа. Блокадата на опколената енклава остави илјадници семејства да се борат да обезбедат средства дури и за најосновните потреби.
Прекинот на огнот што стапи на сила на 10 октомври оваа година требаше да ја запре војната, но Израел секојдневно го прекршува договорот, при што има стотици нови жртви.
Израел во своите бомбардирања и гранатирања на Појасот Газа уби повеќе од 70.000 Палестинци, претежно жени и деца, и повреди над 171.000, од октомври 2023 година.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
