Доха - омилена туристичка дестинација на Блискиот Исток
– Секојдневјето во катарската престолнина Доха продолжува во динамично темпо, додека градот на источниот брег на Катар, по должината на Персискиот Залив, станува сè попривлечна туристичка дестинација
СКОПЈЕ (АА) – Секојдневјето во катарската престолнина Доха продолжува во динамично темпо, додека градот на источниот брег на Катар, по должината на Персискиот Залив, станува сè попривлечна туристичка дестинација, јавува Анадолу.
Улиците на Доха се исполнети со жители и посетители, а модерната архитектура се преплетува со внимателно зачуваните традиционални делови.
Еден од највпечатливите симболи на ова спојување е Сук Вакиф – реконструираниот пазар што ги задржа автентичната катарска архитектура и дух.
Со ракотворбите, тесните улички, мирисите од локалната кујна и историската атмосфера, Сук Вакиф се издвојува како една од најголемите атракции на Доха.
Престолнината на Катар последните години се издигнува меѓу најпосакуваните туристички дестинации во регионот, благодарение на модерните урбани проекти за развој, богатата понуда за посетители и добро зачуваното културно наследство.
