Asiye Latife Yılmaz
10 Февруари 2025•Ажурирај: 11 Февруари 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Шри Ланка се соочи со национален прекин на струја за време на викендот откако мајмун влегол во трафостаница во западниот град Панадура, предизвикувајќи нерамнотежа во електроенергетскиот систем, изјави министерот за енергетика на земјата, Кумара Џајакоди, јавува Анадолу.
„Мајмун дојде во контакт со нашиот трансформатор, што предизвика нерамнотежа во системот“, изјави Џајакоди за локалните медиуми.
Обидите за враќање на струјата беа одложени поради ниската побарувачка за електрична енергија вчера. Иако Електродистрибуција на Шри Ланка целосно ја врати снабденоста со струја до 18 часот по локално време (12:30 GMT), сите три генератори автоматски беа исклучени од протоколниот систем.
Со зголемувањето на побарувачката по 18 часот во одредени области повторно имаше прекини.
За да се надмине овој проблем, властите обезбедија електрична енергија од термоелектраните, со што струјата беше целосно вратена до 21:45 часот.
Електродистрибуција на Шри Ланка најави дека денес и утре ќе има прекини на струја низ целата држава.
Национални прекини на струја во Шри Ланка имало и претходно, во март 2016 година, август 2020 година и декември 2021 година.
Последниот прекин, кој траеше околу шест часа, регистриран е на 9 декември 2023 година.