живот

Малата Сиријка Селва во Турција ќе игра со вистински играчки

„Со ќерка ми се обидовме да испратиме порака до светот. Благодарам на Бога, пораката стигна таму каде што требаше. Ние сега преминуваме во Турција. Најпрвин се заблагодаруваме на турскиот народ, на Владата на Турција...“

Mehmet Burak Karacaoğlu, Eşref Musa  | 25.02.2020 - Обновена : 28.02.2020
Малата Сиријка Селва во Турција ќе игра со вистински играчки

ИДЛИБ (АА) – Малата Сиријка Селва која во Идлиб заедно со татко ѝ играше „воена игра“, за да не се плаши од бомбардирањето, заедно со нејзиното семејство пристигна во Турција.

Абдула Мухамед, таткото на Селва и членовите на неговото семејство, преку граничниот премин Џилвегозу во Хатај дојдоа во Турција.

Мухамед, за време на преминот на границата, во изјавата за Агенција Анадолија (АА) рече дека се многу среќни.

„Со ќерка ми се обидовме да испратиме порака до светот. Благодарам на Бога, пораката стигна таму каде што требаше. Ние сега преминуваме во Турција. Најпрвин се заблагодаруваме на турскиот народ, на Владата на Турција, и особено му се заблагодаруваме на министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу. Овозможија помош која ќе ни го смени нашиот живот. Владата на Турција, од првиот ден му помага на народот на Сирија“, нагласи Мухамед.

Таткото Мухамед, истакнувајќи дека другите соседни земји свртеле грб против сирискиот народ, рече: „Мојата ќерка сега веќе ќе оди на училиште. Се надевам дека конфликтите во Сирија ќе престанат и дека јас ќе се вратам пак назад.“

Селва и нејзиното семејство, бегајќи од нападите на режимот на Асад и неговите поддржувачи, се засолни во областа Сармада, во близина на границата со Турција.

Екипата на АА на 18 февруари стигнаа до малата Селва, која заедно со татко ѝ играше „воена игра“ за да не се плаши од бомбардирањата во Идлиб.

Во моментот кога АА ја снимаше репортажата се изведуваа воздушни напади во ридовите спроти нивниот дом, а таткото со ќерката ја прикажаа играта и пред камерите на АА.

Нивниот живот потсетува на филмот „Животот е убав“, чие дејствие се одвива во текот на Втората светска војна. Таткото Евреин, заедно со синот го носат во концентрационен логор, а тој на својот мал син му ја претставува војната како игра.

Во филмот, таткото му вели на синот дека ако успешно ја заврши играта, како награда ќе добие вистински тенк.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.