Recep Şakar
05 Април 2017•Ажурирај: 06 Април 2017
МЕЛБУРН (АА) - Ампутирани му се двете нозе на човек што во градот Бирчип, во сојузната држава Викторија, Австралија, беше каснат од пајак со бела опашка, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена во „Стоул тајмс“, Тери Переџа викендов заминал во посета на своите роднини во градот Бирчип, во сојузната држава Викторија, Австралија, каде што во десната нога бил каснат од пајак со бела опашка. Откако забележал дека ногата почнала да му отекува, Переџа заминал на лекар, но бидејќи поради викендот немало лекар во градот, тој бил принуден да чека до понеделник.
Переџа се јавил на семеен лекар, од каде што бил префрлен во општинската болница „Хоршам Вимера“, а таму поради инфекција му била ампутирана десната нога. Поради тоа што инфекцијата ја зафатила и другата нога, Переџа со болнички авион бил префрлен во болницата „Алфред“ во Мелбурн, каде што му била ампутирана и левата нога. Се дознава дека здравствена состојба на Переџа, кој веќе еден месец е на болничко лекување, е стабилна.
Сестрата на Переџа, Ракел Оглби изјави дека доколку не била воспоставена контрола врз инфекцијата, нејзиниот брат се соочувал со опасноста, по загубата на нозете, да ги загуби и двете раце.
Знаци на каснување од пајак со бела опашка, што особено е присутно во летните месеци, се отоци, чешање, промена на бојата на кожата, а во некои случаи гадење и повраќање.