Bekim Laci
09 Февруари 2016•Ажурирај: 10 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Организацијата Полио Плус - движење против хендикеп, во соработка со австриски центар за стручна обука и рехабилитација поддржана од страна на Сојузното министерство за труд и социјална политика и заштита на потрошувачите на Австрија, во текот на следните два дена ќе одржат работилница во која учесниците ќе бидат запознаени со концептот на лична помош за лицата со хендикеп. Сето ова има за цел на оваа категорија на луѓе да им се овозможи независен живот во согласност со Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност на Обединетите нации, јавува Anadolu Agency (AA).
Звонко Шаврески од Полио Плус, рече дека овој настан е од особено значење, бидејќи нив им овозможува да се запознаат со добри искуства од целиот свет, така што истите ќе можат да се применуваат во Република Македонија.
Во однос на проблемите, тој рече дека оваа категорија на луѓе се соочува со многу проблеми,но според него, еден од позначајните проблеми е недостаток на нивното вклучување во секојдневниот живот.
" Во општеството има впечатокот дека на оваа категорија луѓе треба да и се помогне за да оди во болница, но тоа не е така. Овие луѓе имаат потреба да одат на театар, на прошетка со пријателите, да одат во ресторан" изјави Шавревски, според кој треба да се најде најдобрата форма за ова, но проблемот е во тоа што сето ова чини пари.
Атеше на Сојузното министерство за труд и социјална политика на Австрија, Харалд Фугер, истакна дека Република Македонија, исто како Австрија ја ратификуваше Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност со кој се претпоставува голем број на обврски на гарантирање на правата на оваа категорија на луѓе, но тој рече дека се соочува со пречки од различна природа.
"Како за почеток се фокусираме на помош за лицата со хендикеп покажувајќи ги нашите искуства, што сме научиле, така што вие ќе може да ги спроведете овие мерки на најдобар можен начин", рече Фугер.
Во рамките на оваа дводневна работилница ќе се дефинираат улогите на корисниците и давателите на овие услуги, особено внимание ќе се посвети на категоризацијата на корисниците, ќе се врши контрола на организацијата, управувањето, евалуацијата и мониторингот на самиот сервис и ќе се воведат минимум стандардите за квалитетот во текот на овозможување услуга.