Aldıjana Hadzıc
03 Септември 2017•Ажурирај: 04 Септември 2017
БОГОТА (АА) - Припадниците на 501. Легија - од базата во Колумбија одлучија да се маскираат и да ги развеселат малечките во Детската болница во Богота (Fundacion Cardioinfantil), главниот град на Колумбија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Маскирани во ликовите на светски познатиот серијал од научно-фантастичните филмови „Star Wars“ (Војна на ѕвездите), одлучија да им однесат подароци на децата во болницата и да поминат време со нив.
Иако децата на почетокот беа со недоверба кон необичните гости, тие сепак на крајот се одлучија на разговор и игра со нив.