
АНТАЛИЈА (АА) – СУЛЕЈМАН ЕЛЧИН –
Рачно ткаени килими и теписи, собрани еден по еден од различни региони на Турција, се послани на полињата во областа Дошемеалти во Анталија, јавува Анадолу.
Во Дошемеалти, област позната по килими што рачно се ткаени на оригинални разбои и се бојосуваат со природни бои добиени од растенија, летото донесува поинаква живост.
Килимите и теписите собрани од различни делови на Анадолија се перат, сушат и потоа се поправаат.
Теписите и килимите се ставаат на полињата каде што се завршува жетвата во населбата, така што нивните бои стануваат пастелни и во текот на летната сезона остануваат под топлината на Анталија.
Потоа се постилаат на полињата во областа каде што е завршена жетвата и остануваат под сонцето на Анталија цело лето, со цел боите да избледат и да станат повеќе пастелни.
Теписите и килимите, кои одвреме-навреме се превртуваат и се собираат откако ќе се исчистат од прав почнувајќи од септември, се праќаат во многу земји, особено во САД.
Шарената слика што ја создаваат илјадниците послани килими и теписи го привлекува вниманието на туристите што доаѓаат во регионот.
„Полињата со килими“, кои се претворија и во важна локација за љубителите на фотографијата, се користат и за снимање на музички видеа и филмски сцени.
– Има луѓе што доаѓаат овде само за да ги видат „полињата со килими“ -
Хатиџе Качар, која работи во компанија што тргува со теписи во населбата Караташ, за Анадолу изјави дека килимите, кои цело лето остануваат под сонцето и чии бои стануваат пастелни, се барани во странство.
Качар рече дека шарените слики што ги создаваат килимите привлекуваат внимание: „Има луѓе што доаѓаат овде само за да ги видат полињата со килими. Прават многу фотографии. Со задоволство ги претставуваме нашите турски локални теписи. Работиме напорно под голема жештина, но интересот за килимите на крајот од сезоната ни го отстранува целиот замор.“
Ибрахим Ак, кој работи на полињата со килими, рече дека најголем дел од килимите имаат јуручки мотиви и поради тоа се вредни.
Ак додаде дека се задоволни од интересот што луѓето го покажуваат за килимите, кои се изработени со употреба на природни бои и традиционални методи.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.