Bülent Mavzer
02 Февруари 2021•Ажурирај: 04 Февруари 2021
ИГДИР (АА) – Кучињата што играат на ледената површина на езерото Балик, кое се смета за едно од највисоките езера во Турција, ги воодушевија посетителите на езерото, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Површината на езерото Балик, што се наоѓа на границите на Игдир и Агри, замрзната е целосно како резултат на студеното време што го зафати регионот.
Двете кучиња шетаа и играа на ледената површина на езерото, што се наоѓа на надморска висина од 2.241 метар.
Кучињата, кои имаа тешкотии да застанат на своите нозе на ледената површина од езерото, го задржаа вниманието на луѓето што го посетија езерото.
Забавата на кучињата на длабокиот син мраз, што ја доби својата боја од небото, исто така ги насмеа посетителите.