живот

Во 65. година од животот почина актерката Мира Фурлан

Родена во Загреб во 1955 година, Фурлан беше истакната актерка на Хрватскиот народен театар во Загреб, а во 1980-тите години стана една од водечките хрватски и југословенски филмски актерки

Kemal Zorlak  | 22.01.2021 - Обновена : 23.01.2021
Во 65. година од животот почина актерката Мира Фурлан Фото: Илустрација/АА

САРАЕВО (АА) - Познатата хрватска театарска, телевизиска и филмска актерка Мира Фурлан, која во последните 30 години живееше и работеше во Соединетите Американски Држави (САД), почина на 65-годишна возраст, јавува Агенција Анадолија (AA).

Информацијата за нејзината смрт ја потврди Џ. Мајкл Стразински, авторот на серијата „Вавилон 5“, во која глумеше Фурлан и оствари една од најзабележителните улоги во Холивуд.

„Ноќ е на голема тага затоа што нашата пријателка тргна по патот од кој повеќе не можеме да ја добиеме. Но, како и со сите нешта, во одредено време ќе ја стигнеме и верувам дека таа ќе има многу да ни раскаже“, напиша Стразински на Твитер.

Родена во Загреб во 1955 година, Фурлан беше истакната актерка на Хрватскиот народен театар во Загреб, а во 1980-тите години стана една од водечките хрватски и југословенски филмски актерки.

Особено се истакна во филмовите „Киклоп“ (1982) на Антун Врдољак, „Во вилиците на животот“ (1984), „За среќа се потребни тројца“ (1986) на Рајко Грлиќ, и „Татко на службено патување“ (1985) на Емир Кустурица. Во телевизиски и филмски остварувања има остварено над 90 улоги на.

Во почетокот 1990-тите години се пресели во Соединетите Американски Држави (САД), каде што постигна светска слава со појавувањето во ТВ-сериите „Вавилон 5“ и „Изгубени“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın