Ata Ufuk Şeker
01 Октомври 2021•Ажурирај: 04 Октомври 2021
БРИСЕЛ
Земјите членки на Европската Унија (ЕУ) минатата година увезоа 7,5 милијарди евра кафе, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Европската канцеларија за статистика (Еуростат) по повод Меѓународниот ден на кафето на 1 октомври ги сподели податоците за увозот на кафе од 27 земји членки во 2020 година.
Според податоците, земјите членки на ЕУ минатата година увезоа вкупно 2,9 милиони тони кафе. Земјите од ЕУ платија 7,5 милијарди евра за увозот на кафето.
Најмногу кафе во ЕУ е увезено од Бразил, 933.000 тони. Потоа следуваат Виетнам со 642.000 тони, Хондурас со 216.000 тони, Уганда со 166.000 тони, Колумбија со 154.000 тони, Индија со 108.000 тони, Перу со 96.000 тони, и од Индонезија и Етиопија се увезени по 78.000 тони.
Во овој период Германија увезе 1.100.000 тони, Италија 559.000 тони, Белгија 309.000 тони, Шпанија 274.000 тони и Франција, 205.000 тони кафе.
Земјите на ЕУ произведоа 1,9 милиони тони печено кафе во 2020 година, со вкупна вредност од 11 милијарди евра.