Vesna Besic
14 Март 2024•Ажурирај: 17 Март 2024
ВОРКУТА (АА) - Зградите во регионот Северни, оддалечен 17 километри од градот Воркута, во Русија, оковани се со снег и лед, јавува Анадолу.
Екстремно ниските температури на воздухот, што можат да достигнат и до минус 50 степени Целзиусови, како и ниската стапка на вработеност, го поттикнаа населението на миграција.
На подрачјето околу рудникот за јаглен Воргашорској, каде што во 1989 година живееја 25.000 луѓе, денес живеат само 9.000.
Миграцијата во регионот претвори некои населени места во градови на духови по 2013 година.
Со лед е прекриен речиси секој дел на напуштените згради во регионот Северни, оддалечен 17 километри од Воркута.