Lale Köklü
18 Август 2018•Ажурирај: 18 Август 2018
ХАТАЈ (АА) - Болниот штрк којшто беше пронајден во руралното подрачје на Африн од страна на турските војници, е донесен во турскиот град Хатај на лекување, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските војници во руралното подрачје на сирискиот град Африн пронајдоа болен штрк, кои потоа го предадоа во Здружението за заштита на природата во турскиот град Хатај.

Болниот штрк го лекува ветеринарот на ова здружение, Џихан Парлар.
Штркот има респираторно заболување, а по лекувањето повторно ќе биде пуштен во природата.