Zeynep Rakipoğlu
16 Август 2018•Ажурирај: 17 Август 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - Видеозаписот на кој кинеската уметничка Ксу Феи свири гитара во тек на скокот со падобран во Фетхије, познатата туристичка дестинација во Турција, на социјалната мрежа за многу кратко време ја прегледаа околу 70 милиони луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).
На снимката е можно да се види дека Феи лежерно свири гитара во тек на тандем скокот со падобран.
Феи е една од многуте гости на Институтот „Јунус Емре“ кои во рамките на проектот „Бидете наш гостин“ што започна минатата година, ја посетија Турција.
Целта е со работа на заеднички проекти да се зајакнат односите меѓу Турција и Кина.
Институтот минатата година повика луѓе од различни области, вклучувајќи новинари и јавни личности. Меѓу нив беа и кинескиот актер Вил Ли и неговата сопруга, Ванг Пеи Јун.
Оваа година во јуни гости беа претставници на управата на компаниите „Ји Диан-Зишјун“, CCTV, „Травел стар ТВ“, Канцеларијата за туризам на Кина и други гости.
Гостите уживаа во текот на престојот во Истанбул, каде што ја посетија палатата „Топкапи“, Египетскиот пазар, Аја Софија и многу други места.
Во јули, нова група во која беше и пејачката Ксу Феи, престојуваше во Турција. Ксу Феи го сними спотот за новата песна во оваа земја, а видеозаписот на кој свири гитара во тек на скокот во Бабадаг ги собори рекордите на гледаност во Кина.