Ömer Ürer
02 Ноември 2026•Ажурирано: 02 Ноември 2026
Пожарникарите спасија маче кое било заробено во рекламна табла на еден деловен објект во турскиот град Дузџе, јавува Анадолу.
Сопственик на продавница за бело месо забележал дека постојано се слуша мјаукање на мачка.
Кога се приближил до мачката, сопственикот на продавницата видел дека мачето е заробено во внатрешноста на рекламната табла.
По пријавата, на местото пристигнале пожарникарите, кои по половина час работа направиле отвор во долниот дел од рекламната табла и му овозможиле на мачето да излезе.
Во меѓувреме, мајката мачка цело време стоела покрај пожарникарите и чекала да биде спасено нејзиното маче.