Islam Uddin
11 Декември 2024•Ажурирај: 13 Декември 2024
АНКАРА (АА) - Белгија врати три џиновски панди во Кина, јавуваат државните медиуми, пренесува Анадолу.
Зоолошката градина Паири Даиза во Белгија одржа емотивна проштална церемонија на која стотици луѓе се собраа пред заминувањето на пандите во Кина вчера, објави Ксинхуа њуз.
Тијан Бао, Бао Ди и Бао Меи ќе престојуваат во Кинескиот центар за зачувување и истражување за џиновската панда во Бифенгксија, провинцијата Сечуан.
Тијан Бао е роден во 2016 година, а неговите помали браќа и сестри, близнаците Бао Ди и Бао Меи, се родени во 2019 година.
На прошталната церемонија кинескиот амбасадор во Белгија, Феи Шенгчао, рече дека џиновските панди не само што се преслатки и ретки животни што им носат радост на луѓето туку служат и како мост што ги поврзува емоциите на луѓето и промовира културна размена.
Откако пристигнаа во Белгија во 2014 година, родителите на трите панди воодушевиле милиони посетители и ја подигнале свеста за заштитата на џиновските панди, се вели во извештајот.