живот, Балкан

Балони од Кападокија, нова атракција на небото над Северна Македонија

Активноста со балони на топол воздух, реализирана во соработка со Турската аеронаутичка асоцијација (THK) и швајцарската компанија „Swiss Ballons“, стана нова атракција за локалното население и туристите

Dzihat Aliju  | 24.07.2021 - Обновена : 28.07.2021
Балони од Кападокија, нова атракција на небото над Северна Македонија Фото: Furkan Abdula/AA

ТЕТОВО (АА) - Домашните и странските туристи кои сакаат да ги видат градовите Тетово и Гостивар во Северна Македонија од птичја перспектива, сега ја имаат оваа можност со балоните од Кападокија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Активноста со балони на топол воздух, реализирана во соработка со Турската аеронаутичка асоцијација (THK) и швајцарската компанија „Swiss Ballons“, стана нова атракција за локалното население и туристите.

Турската аеронаутичка асоцијација (THK) и швајцарската компанија „Swiss Ballons“, кои нудат летови на изгрејсонце и зајдисонце, секој ден во неделата, доколку временските услови се соодветни, планираат да донесат повеќе балони во регионот во случај на зголемена побарувачка.

Корај Токај, одговорниот менаџер за балони на Турската аеронаутичка асоцијација (THK), во изјавата за Агенција Анадолија рече дека тие дошле во регионот на барање добиено од швајцарската компанија „Swiss Ballons“ во Северна Македонија.

Наведувајќи дека прво извршиле извидувачки и пробни летови, Токај рече дека откако утврдиле дека има погодни услови за лет, започнале со комерцијални летови со балони помеѓу Тетово и Гостивар.

Нагласи дека тие изведуваат летови на изгрејсонце седум дена во неделата. „Ние исто така извршуваме летови и на зајдисонце кога е погоден ветрот. Започнавме комерцијални летови во регионот на Северна Македонија како Турска аеронаутичка асоцијација. Се надеваме дека ќе продолжиме.“

Изјавувајќи дека во земјата се дојдени со два балони и дека можат да го зголемат бројот на балони во случај на побарувачка, Токај рече дека има интерес за летови затоа што тоа се случува за првпат во регионот.

Тој објасни и дека извршуваат две одделни активности во Кападокија и Памуккале, и додаде: „Работиме со Управата за цивилно воздухопловство на Северна Македонија. Одиме во регионите. Проверуваме дали има области за полетување и слетување погодни за летање. Ако е можно, ако ветрот е во границите, планираме да го зголемиме бројот на летови, при што приоритет ќе ни биде безбедноста на летот.“

- „Турската аеронаутичка асоцијација е многу професионална институција“ -

Мифтар Емини, еден од предводниците на проектот, рече дека балоните од Кападокија се голема иновација за регионот, особено за градовите Тетово и Гостивар.

Истакнувајќи дека проектот започнал по обидот на неговиот пријател Беким Халими да им понуди пријатна активност на граѓаните, Емини посочи дека очекуваат летовите, започнати пред две недели, да продолжат до почетокот на есента.

Тој понатаму нагласи дека летовите со балони биле први во регионот: „Претходно имаше некои активности од различни луѓе. Сепак, тие беа забавни, но беа краткотрајни. За првпат има подолги летови со балони во Тетово и регионот.“

Истакна дека граѓаните покажале голем интерес, и дека младенците кои сакале да излезат од рутината, ги користеле летовите за своите свадби.

Нагласувајќи дека Турската аеронаутичка асоцијација (THK) е многу професионална институција, Емини рече: „Пилотите и екипажот се луѓе кои ја вршат оваа работа со години. Ние исто така соработувавме со властите на Северна Македонија. Иако не во широка смисла, [соработката] е на доволно ниво за започнување на овие летови.“

Информирајќи дека граѓаните можат да стигнат до нив преку социјалните мрежи, Емини рече дека доколку бидат успешни, во иднина ќе можат да летаат во други делови на земјата, во рамките на интересот и можностите.

- „Навистина е забавно родното место да се гледа од воздух“ -

Емре Јешил, пилотот на балони на топол воздух, истакнувајќи дека работи во бизнисот со балони веќе 12 години, рече дека во Турската аеронаутичка асоцијација (THK) е веќе 9 години, а како пилот во последните 4 години.

Истакнувајќи дека има 800 часови реализиран лет во регионите Кападокија и Памуккале, Јешил рече: „За првпат летавме во странство, и среќата била тука. Се надеваме дека ќе продолжиме со летовите овде.“

Скопјанецот Абдулкадир Селими, кој живее во странство, рече дека дознал за летот со балони на топол воздух и дека сака да го доживее тоа искуств.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.