свет, живот

Баба од Алепо води борба да преживее заедно со своите осум внуци

„Тука нема Ден на мајките. Тука нема ниту Бајрам. Немам никого. Моите внуци немаат никого. Никој не е спокоен. За да се слави Бајрам потребно е семејство“, истакна бабата Фетхије Али во разговор за Агенција Анадолија

Eşref Musa, Ahmad Wais, Mehmet Burak Karacaoğlu  | 09.05.2020 - Обновена : 10.05.2020
Баба од Алепо води борба да преживее заедно со своите осум внуци ( Muhammed Abdullah - Anadolu Agency )

ИДЛИБ

Шеесет и двегодишната баба Фетхије Али, која е раселена поради нападите на режимот на Асад и неговите приврзаници во Алепо, е и мајка и татко на своите 8 внуци. Петте внуци ѝ се од едниот син, кој загинал во бомбардирањата, а 3 се од другиот син, кој е повреден исто така од бомбардирањата.

Мајките во Сирија, кои се жртви на граѓанската војна, што веќе зад себе остави 9 години, и оваа година не ќе можат да го слават утрешниот Ден на мајките.

Бабата Фетхије Али, пред четири месеци, бегајќи од бомбардирањата на режимот на Асад во областа Хан Ел Асал во Алепо, пронашла засолниште во камповите на граничната линија меѓу Сирија и Турција. Таа тука заедно со своите 8 внуци води борба за преживување.

- „Нема кој да ги погали по главата“

Фетхије Али, која живее во шаторскиот камп „Ихлас“, во областа на камповите Атме, во разговор за Агенција Анадолија (АА) ја раскажа својата приказна за нејзиниот син, кој го загубил животот пред 3 години, и за повредениот син кој се лекува во Турција.

Наведувајќи дека со помош на нејзиниот сосед избегала од бомбардирањата на режимските сили пред 4 месеци, Фетхије Али рече дека живее во шаторскиот камп „Ихлас“, каде што се сместени жените вдовици.

„На пат тргнавме со облеката што ја имавме на себе. Немаме ништо. Освен 8-те деца сираци, немам ништо. Јас ги гледам синовите на двајцата мои синови. Најстариот има 10 години, најмладиот има 3 години. Немаат никој да ги погали по глава“, нагласи бабата Фетхије.

- „За последен пат месо јадевме за Бајрам“

Истакнувајќи дека има големи тешкотии во снабдувањето храна за своите внуци, Фетхије рече: „Ние купивме 4-5 килограми компири затоа што се намали неговата цена. Купивме 3-4 тиквички. Направив јадење. Дневно ми требаат 5 леба. Лебот го трошиме внимателно.“

Изразувајќи дека нејзините внуци ѝ се позначајни од нејзините синови, Фетхије додаде:

„Понекогаш доаѓаат луѓе кои продаваат. Јас сум беспомошна кога ќе ми речат: ‘Бабо, купи нешто‘. Не знам дали да жалам или да плачам. Последен пат месо јадевме за Бајрам. Шест години немам јадено риба. Еден килограм месо чини многу пари. Децата не знаат што е месо. Ако сакам да направам јадење со месо, еден килограм месо е 8-11 сириски лири (околу 7 евра). Јас од каде да донесам месо?“

- „За да се слави Бајрам потребно е семејство“

Истакнувајќи дека се обидуваат да останат во живот поради војната во Сирија, баба Фетхије нагласи: „Тука нема Ден на мајките. Тука нема ниту Бајрам. Немам никого. Моите внуци немаат никого. Никој не е спокоен. За да се слави Бајрам потребно е семејство.“

Наведувајќи дека навечер живее тешки моменти затоа што ѝ недостасуваат нејзините деца, Фетхије рече: „Зошто светот е ваков? Порано во нашиот дом многу ни доаѓаа гости. Сега освен некои баби како мене, никој не доаѓа на гости.“

- Последна ситуација во деескалациската зона во Идлиб

Во моментов, популацијата на Идлиб со внатрешната миграција достигна 4 милиони луѓе. Од март 2015 година се наоѓа под контрола на опозицијата. Идлиб е место кое е најмногу напаѓано од страна на режимот.

На состанокот во Астана од 4-5 мај 2017 година, Турција, Русија и Иран се договорија за четири деескалациски зони во Идлиб и соседните провинции (Латакија, Хама и Алепо).

Но режимот и странските терористички групи поддржани од Иран, со воздушна поддршка на Русија ја зазедоа контролата врз овие деескалациски зони, со исклучок на Идлиб.

Стотици илјади цивили кои избегаа од нападите мигрираа кон местата близу границата со Турција.

Исто така, нападите продолжија извесно време и по Договорот од Сочи постигнат на 17 септември 2018 година од страна на Русија и Турција.

Од потпишувањето на Договорот меѓу Русија и Турција на 17 септември 2018 година, до овој момент, од нападите на режимот и Русија во деескалациската зона во Идлиб животот го загубија повеќе од 1.800 цивили.

Бројот на мигранти што избегаа од местата на кои се спроведуваат интензивни напади кон релативно побезбедни места во близина на границата со Турција и во областите ослободени од операциите „Маслинова гранка“ и „Штитот на Еуфрат“, за една година достигна 1 милион 942 илјади.

Во соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција од 10 јануари се истакна дека Турција и Русија се согласија за прекин на огнот, што ќе започне на 12 јануари 2020 година во 00:01 часот. Но, режимот на Асад и неговите сојузници ги продолжија своите напади во Идлиб, игнорирајќи го прекинот на огнот. 

Потоа претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и рускиот претседател во Москва на 5 март обезбедија нов договор. Последниот договор за прекин на огнот стапи на сила на 6 март 2020 од 00:01 часот.

И покрај повремените повреди од режимските сили, прекинот на огнот во голема мера се почитува.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.