свет, економија

Јужнокорејските синдикати протестираа во Сеул за подобри услови за работа

Работниците побараа подобри услови за работа, поголема сигурност на работното место и повисоки плати

Elena Trenchevska Chekovic  | 16.07.2025 - Обновена : 16.07.2025
Јужнокорејските синдикати протестираа во Сеул за подобри услови за работа Фото: Hwawon Lee/АА

СКОПЈЕ (АА) - Јужнокорејските синдикати, предводени од Корејската конфедерација на синдикати, денес одржаа генерален штрајк пред зградата на Националното собрание во Сеул и покрај обилните дождови, јавува Анадолу.

Работниците побараа подобри услови за работа, поголема сигурност на работното место и повисоки плати.

Демонстрантите ја повикаа Владата да преземе итни мерки, барајќи реформи што ќе им дадат приоритет на правата и егзистенцијата на работниците.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.