Övünç Kutlu
26 Февруари 2022•Ажурирај: 28 Февруари 2022
ЊУЈОРК
Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, изјави дека се очекува меѓународните санкции воведени кон Русија да влијаат на глобалната економија, која сè уште се обидува да закрепне од пандемијата на Ковид-19, известува Агенција Анадолија (АА).
Георгиева истакна дека ефектите од санкциите ќе се одразат на цените на енергенсите и житарките, што ја зголемува загриженоста поради високата инфлација.
Таа предупреди дека руската интервенција во Украина би можела да предизвика одлив на капитал од пазарот во развој, како и дека би можела да има значително економско влијание врз соседните земји.
„Потребно ни е токму спротивното, поголеми финансирања на тие простори“, рече Георгиева во своето обраќање на Универзитетот во Џорџтаун во Соединетите Американски Држави (САД).