Zeynep Beyza Kılıç
05 Јули 2022•Ажурирај: 06 Јули 2022
АНКАРА (АА) – Во Европа продолжуваат да растат цените на гасот откако вработените во енергетскиот сектор во Норвешка најавија штрајк, јавува Агенција Анадолија (АА).
Цената на фјучерсите за гас во август, со кои се тргува на ТФФ, онлајн платформата за тргување со природен гас со седиште во Холандија, вчера изнесуваше 162,9 евра за мегават час.
Откако вработените во Норвешка, значајниот снабдувач на природен гас за Европа, најавија дека ќе штрајкуваат, цената на природниот гас за мегават час, заклучно со 13:25 часот денеска се искачи на 171,6 евра, што е зголемување од 5,3 отсто во однос на претходниот ден.
Цената на природниот гас на 8 март изнесуваше 189,2 евра.
Норвешката асоцијација за нафта и гас истакна дека синдикатите кои го претставуваат мнозинството енергетски работници во земјата ќе штрајкуваат бидејќи не можат да постигнат договор за платите.
Денеска штрајкот започна во три полиња на море, а доколку не се најде решение, утре ќе се прекине работата на уште три полиња.
Со почетокот на штрајкот, производството на природен гас во земјата ќе се намали за 292.000 барели на дневна основа. Тоа значи намалување на извозот на природен гас за 13 отсто.