Zeynep Beyza Kılıç
06 Јули 2022•Ажурирај: 07 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Цените на природен гас во Европа паднаа откако норвешката Влада стави крај на штрајкот во енергетскиот сектор, според Норвешкото здружение за нафта и гас (NOG).
НОГ „предложи задолжителна арбитража за спорот со платите“, по најавата во понеделникот дека синдикатите, кои го претставуваат мнозинството од работниците во енергетскиот сектор во земјата, ги повикаа работниците да започнат со штрајк бидејќи не можеа да постигнат договор за платите.
Цените на природен гас за мегават час за договорите во август во Европа, со кои се тргува на виртуелната точка за трговување со природен гас (TTF) со седиште во Холандија, паднаа на 154,5 евра во 10:50 часот по локално време (0750 GMT) денеска.
Цените на природен гас за мегават час денес забележаа пад од 6,4 отсто, во однос на цената по вчерашното затворање, кога цената изнесуваше 165 евра.
Иако штрајкот започна на три офшор полиња во вторникот, синдикатот најави дека работата ќе биде стопирана на уште три места на 6 јули ако спорот не се реши.
Владата интервенира пред спорот да ескалира и рече дека националниот одбор за плати ќе го реши штрајкот.
„Ако штрајкот продолжи да го прекинува протокот на гас, ќе запре 56 проценти од норвешкиот извоз на гас во Европа“, потврди НОГ.