Турција, економија

Турските брендови во просек дневно отвораат по две продавници во странство

„Вкупно 108 турски брендови во странство од почетокот на 2018 година имаат 3.150 продавници, а се очекува дека оваа бројка ќе достигне околу 4.000 до крајот на годината, и 6.000 до 2020 година“

Gökhan Ergöçün  | 19.07.2018 - Обновена : 20.07.2018
Турските брендови во просек дневно отвораат по две продавници во странство АА/Архива

Istanbul

АНКАРА (АА) - Турските брендови продолжуваат да ги практикуваат своите стратегии за раст, и во просек, дневно отвораат по две нови продавници во странство, се вели од „United Brands Association“ (BMD), јавува Anadolu Agency (AA).

„Вкупно 108 турски брендови во странство од почетокот на 2018 година имаат 3.150 продавници, а се очекува дека оваа бројка ќе достигне околу 4.000 до крајот на годината, и 6.000 до 2020 година“, изјави за АА, Синан Онџел, претседателот на „United Brands Association“.

„Минатата година, турските брендови отворија 650 продавници во странство“, изјави тој.

Онџел нагласи дека со намалувањето на профитабилноста како последица на договорите за изнајмување во странска валута, увозните давачки и зголемувањето на цената на суровините, турските брендови забрзано ги прошириле своите чекори надвор.

„Турските брендови повеќето продавници до крајот на 2017 година ги отворија во Русија. Во оваа земја има 515 продавници“, рече тој.

Онџел додаде дека по Русија најмногу продавници има во Саудиска Арабија (264), потоа во Казахстан (227), Иран (199) и во Украина (181).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın