свет, Коронавирус

САД бараат медицински персонал од странство во борбата против Ковид -19

- Властите на Соединетите Американски Држави (САД) бараат медицински персонал од странство во екот на борбата против ширењето на коронавирусот во таа земја

Vakkas Doğantekin  | 27.03.2020 - Обновена : 29.03.2020
САД бараат медицински персонал од странство во борбата против Ковид -19

АНКАРА

Властите на Соединетите Американски Држави (САД) бараат медицински персонал од странство во екот на борбата против ширењето на коронавирусот во таа земја, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Ги поттикнуваме сите медицински лица кои бараат работа во САД преку виза за работа или размена, а посебно оние што работат на болеста Ковид-19, да се јават во најблиската амбасада или конзулат на САД и да закажат термин за виза“, се наведува во соопштението објавено од Уредот за конзуларни работи при Министерството за надворешни работи на САД.

САД во моментот се земја со најголем број заразени лица од Ковид-19.

Според Универзитетот „Џонс Хопкинс“, бројот на заразени лица во САД вчера се зголеми на 85.991, надминувајќи ги Кина (81.782) и Италија (80.589).

Од американскиот Стејт департмент упатија и апел до странскиот медицински персонал кој веќе работи во нивната земја, што побрзо да преземат итни чекори за продолжување на нивните визи.

Вирусот што за првпат се појави во Вухан, Кина, во декември минатата година, се прошири во најмалку 200 земји и региони низ светот, додека бројот на детектирани случаи на заразени со новиот тип коронавирус изнесува 532.000, Од последиците предизвикани од овој вирус починаа над 24.000 лица. Излечени се вкупно 122.000 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.