Hatice Özdemir Tosun
24 Ноември 2019•Ажурирај: 25 Ноември 2019
АНТАЛИЈА (АА) - Анталија, една од најпознатите туристички дестинации во светот, за првпат во историјата во 11 месеци од годината имала над 15 милиони странски туристи, јавува Агенција Анадолија (AA).
Според податоците на Управата за култура и туризам на Анталија, градот оваа година го посетиле туристи од сите делови на светот, и во нив се напоменува дека се бележи рекордна посетeност од 15 милиони и 567 илјади странски туристи, додека тој број минатата година изнесуваше 13 милиони и 642 илјади.
Се наведува дека на аеродромот „Анталија“ годинава слетале 14 милиони и 612 илјади туристи, а на аеродромот „Газипаша“ слетале 300.924 туристи.
Најголем број странски туристи кои ја посетиле Анталија се државјаните на Русија. Во првите 11 месеци Анталија ја посетиле 5 милиони и 414 илјади руски туристи, што е за 16 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година.
По Русија, следуваат туристите од Германија, Украина, Велика Британија, Полска, Холандија и Романија.