Göksel Yıldırım
01 Септември 2022•Ажурирај: 05 Септември 2022
САМСУН (АА) - Бројот на земји каде што се извезува турскиот борбен дрон „Бајрактар ТБ2“ се искачи на 24, јавува Агенција Анадолија (АА).
Халук Бајрактар, извршен директор на „Бајкар“, производителот на дронови, за АА изјави дека уделот на извозот во приходите на компанијата за оваа година достигнал 98 отсто.
Говорејќи на маргините на најголемиот технолошки настан во Туркије, „Технофест“, кој се одржува во црноморската област Самсун, тој рече дека „Бајрактар ТБ2“ станал најизвезуваниот борбен дрон во светот.
„Компанијата, исто така, потпиша договори за извоз со четири земји за уште еден дрон, „Бајрактар Акинџи““, додаде тој.
„Досега се произведени повеќе од 400 „Бајрактар ТБ2“ и 20 „Бајрактар Акинџи““, рече Халук Бајрактар.
Тој посочи дека компанијата има годишен капацитет да произведува 200 беспилотни летала „Бајрактар ТБ2“.
„Но постојат планови за следната година за зголемување на производството на 500 „Бајрактар ТБ2“ и 40 „Бајрактар Акинџи““, додаде извршниот директор.
„Се обидуваме производствениот капацитет секоја година да го зголемуваме со огромни инвестиции“, порача Бајрактар.