Tuba Şahin
29 Март 2018•Ажурирај: 30 Март 2018
АНКАРА (АА) - Турската економија во 2017 година порасна за 7,4 отсто, јавува Anadolu Agency (AA).
Статистичкиот завод на Турција (ТУИК), ги објави резултатите од бруто-домашниот производ (БДП) за 2017 година, пресметано според методот на производство.
Според овој извештај, економскиот раст на Турција за 2017 година изнесува 7,4 отсто, додека растот во последниот квартал од годината, изнесуваше 7,3 отсто.
Со методот на пресметка на БДП, според производството по тековните цени, во 2017 година, БДП на Турција е зголемен за 19 отсто и изнесува 3 трилиони 104 милијарди и 907 милиони лири (околу 800 милијарди долари).
Во синџирот на одделни индекси на развојот по сектори при разгледувањето на активностите кои го даваат БДП за 2017 година, уделот на Секторот на земјоделството e со раст од 4,7 отсто, индустријата учествува со раст од 9,2, додека уделот на градежната индустрија е со раст од 8,9 отсто. Активностите во трговијата, транспортот и услугите во Секторот на сместување и исхрана севкупно учествуваат со раст од 10,7 отсто.
Вредноста на БДП по лице во Турција за 2017 година изнесува 38.660 лири (10.597 долари). Во 2016 година БДП изнесуваше 32.676 лири (10.807 долари).