Göksel Yıldırım
03 Април 2021•Ажурирај: 06 Април 2021
АНКАРА (АА) - Турската компанија „Репкон“, којашто работи во секторот за преработка на метал, се согласи да соработува со австралиската фирма „Титомик“ за производство на цевниот систем кај оружјето, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како дел од договорот, во Австралија ќе се основа центар, што ќе го произведува цевниот систем дизајниран од „Репкон“, користејќи ја својата технологија за формирање проток и технологијата на кинетичка фузија на „Титомик“.
Генералниот директор на „Репкон“, Ибрахим Кулекчи, рече дека компаниите ќе имаат голема корист од партнерството.
„Репкон“ обезбедува технолошки решенија во секторот за метали повеќе од 40 години и ги нуди своите стратешки производи на одбранбената и воздухопловната индустрија на националните и меѓународните компании.
Компанијата произведува машини што можат да произведат компоненти со висока прецизност за одбранбената и воздухопловната индустрија преку ладен процес - како што е формирањето проток, преку процес на смолкнување и топло вртење.
„Репкон“ нуди автохтони решенија во калибрираното производство на цевниот систем од 5,56, 7,62, 9 и 12,7 мм, ослободувајќи се од зависноста од увоз.
Со технологијата на проток, „Репкон“ успеа да стави во употреба калибриран фрлач за гранати од 40 мм за првпат во светот.
„Репкон“ планира со соработката да ги подигне своите можности за производство на цевен систем за оружје на следното ниво. Технологиите на проток и слоевито производство на двете компании се комбинираат за да обезбедат решенија за глобалните проблеми во оваа област.