Nuran Erkul Kaya
21 Ноември 2018•Ажурирај: 22 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Проектите за транспорт на гас „Транс Анадолија“ (ТАНАП) во должина од 1.850 километри и Трансјадранскиот гасовод (ТАП) во должина од 878 километри, споени на локација кај реката Марица, на границата помеѓу Турција и Грција, објави денес компанијата што раководи со ТАНАП, пренесува Anadolu Agency (AA).
ТАНАП, најголемиот дел од Јужниот гасоводен коридор кој пренесува гас од Азербејџан до Турција, и понатаму кон Европа, преку Трансјадранскиот гасовод (ТАП), ги пренесе првите количини гас во Турција на 1 јули 2018 година.
Гасоводот со капацитет од 16 милијарди метри кубни ќе пренесува годишно 6 милијарди гас во Турција, додека останатите 10 милијарди метри кубни се наменети за европскиот пазар и ќе бидат транспортирани преку ТАП.
Двете гасоводни линии беа составени на турско-грчката граница под супервизија на менаџментот на проектот.
Трансјадранскиот гасовод (ТАП) ќе минува низ Грција, Албанија и преку Јадранското Море до Италија.
Гасоводот се очекува да започне со пренос на првите количини гас за европскиот пазар до средината на 2020 година.