Турција

Во Истанбул започна 17. Меѓународен саем на МУСАИД

Турскиот министер за наука и индустрија, Мустафа Варанк, на отворањето истакна дека додека глобалните војни ја преокупираат светската агенда, Турција бара нова соработка од која корист би имале двете страни

Gökhan Ergöçün  | 21.11.2018 - Обновена : 22.11.2018
Во Истанбул започна 17. Меѓународен саем на МУСАИД

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Денес во Истанбул започна 17. Меѓународен саем на Асоцијацијата на независни индустријалци и бизнисмени (МУСАИД), четиридневен настан на кој присуствуваат голем број претставници на компании, лица од сферата на бизнисот, новинари, невладини организации и политичари, чиј комуникациски парнер е Anadolu Agency (AA).

Турскиот министер за наука и индустрија, Мустафа Варанк, на отворањето истакна дека додека глобалните војни ја преокупираат светската агенда, Турција бара нова соработка од која корист би имале двете страни.

„Во трговските војни нема победници“, нагласи турскиот министер, додавајќи дека Турција не може да седи и да гледа како очекувањата за раст и кај развиените земји и кај земјите во развој опаѓаат поради неизвесноста околу трговијата.

Варанк рече дека неопходни се колективни залагања за ревитализирање на трговијата и производството.

„Турција мина низ еден тежок август, поради странските шокови кои му наштетија на девизниот курс“, истакна Варанк.

Претходно овој месец, САД ги укинаа санкциите за двајца министри од турскиот Кабинет воведени во септември, поради случајот со американскиот свештеник Ендру Брансон, кому му се судеше во Турција за обвиненија поврзани со тероризам. Свештеникот беше ослободен минатиот месец.

Оваа недела турската лира се поврати на стапка од 5,30 во однос на американскиот долар.

- Брзо делување -

„Турција брзо презеде мерки со цел ограничување на влијанието на санкциите врз турската економија“, потенцираше Варанк.

Тој истакна дека Турција се фокусираше на структурните реформи за производство со главни оски, индигенизација, производство на технологија и брендирање.

Министерот Варанк рече дека Турција наскоро ќе ја претстави програмата за индигенизација од почеток до крај, со цел намалување на моменталниот тековен дефицит и извоз на производи со додадена вредност.

„Вратата на програмата е отворена за странските инвеститори, за секоја компанија која инвестира во Турција, истото важи и за турските компании“, истакна тој.

Варанк рече дека овој октомври Турција се рангирала на 17. место, од 43-тото, на ранг-листата на Светската банка за леснотија за водење бизнис (Ease of Doing Business Index).

Тој нагласи дека создавањето клима поволна за инвеститорите е еден од приоритетите на власта во услови кога протекционизмот во светската економија расте.

„Патот кон успехот лежи во соработката“, потенцираше турскиот министер.

- 8.000 посетители, 100 земји -

Челникот на МУСАИД, Абдурахман Кан, истакна дека на експото присуствуваат над 8.000 луѓе од над 100 земји, меѓу кои се Германија, Холандија, Франција, Кина, Малезија, Пакистан, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Нигерија и Ангола.

„Нашите основни принципи се заедничкиот раст и заедничката соработка, зголемувањето на трговијата и дипломатијата на пријателство“, рече Кан.

Како дел од експото, под покровителство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, ќе се одржат и 22. годишен Конгрес на Меѓународниот бизнис-форум (IBF), настанот од областа на високата технологија и одбранбената индустрија „High Tech Port“ и Интернационалниот конгрес на млади бизнисмени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın