Aysu Biçer
29 Јули 2022•Ажурирај: 29 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Стапката на невработеност во Германија во јули се искачи на 5,4 отсто, највисокото ниво во последните девет месеци, предизвикана од бегалците од Украина кои се регистрираат во Бирото за труд барајќи работа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сојузната агенција за вработување на Германија соопшти дека регистрирани се 2,47 милиони луѓе невработени во текот на месецот, што е пораст од 107.000, но сепак, бројката е 120.00 луѓе помалку од пријавените во јули 2021 година.
„Невработеноста и подвработеноста пораснаа многу повеќе од нормалата за сезоната во јули“, рече претставникот на агенцијата, Даниел Терзенбах. „Во целина, пазарот на труд останува стабилен, и покрај сите стресови и неизвесности.“
Агенцијата, исто така, соопшти дека условите се поволни за оние што бараат работа, наведувајќи дека има пријавено 881.000 непополнети работни места во јули, 136.000 повеќе од пријавените во јули минатата година.