ИСТАНБУЛ (АА) - Според соопштението објавено на самитот на Светскиот совет за халал, работата за Светскиот самит за Халал и саемот Халал продолжуваат со полна брзина, известува Анадолу.
Туркије, која си постави извозна цел од 300 милијарди долари во 2025 година во „Столетието на Туркије“, ја забрза својата потрага по алтернативни пазари. Туркије, која моментално извезува во 197 земји, ги зголемува приходите по единица извоз и се фокусира на алтернативни пазари. Во тие рамки, еден од најголемите потенцијали е халал пазарот.
Јунус Ете, претседател на самитот на Светскиот совет за халал и претседавач на Discover Events, чии ставови се вклучени во соопштението, вели дека пазарот на халал надминува 7 трилиони долари и се очекува да достигне 10 трилиони долари во следните 5 години.
Наведувајќи дека халал пазарот може да отвори нови врати за турскиот извоз, Ете рече: „Според економскиот извештај за халал на Организацијата за исламска соработка (ОИС), Турција, Индонезија и Малезија успеаја да влезат меѓу 20-те најдобри извозници на производи во халал економијата. Турција, заедно со Малезија и Индонезија, се издвојува како една од трите земји кои имаат капацитет да произведуваат и извезуваат повеќе од 20 артикли во халал економијата.“
Ете изјави дека трошењето храна од страна на потрошувачите во муслиманските земји надминало 1 трилион долари во 2022 година, а се очекува тоа да се зголеми на 1,5 трилиони долари до 2026 година.
Наведувајќи дека овој раст нуди голема можност за производство, инвестиции и извоз во земјите на ОИС, Ете продолжи со зборовите:
„Постои голема побарувачка кај потрошувачите за здрави, халал и органски прехранбени производи. Земјите на ОИС се зависни од увозот во прехранбениот, фармацевтскиот и козметичкиот сектор. Турските компании, согледувајќи ја оваа можност, се фокусираат на инвестиции во халал сертифицирани производи. Тие преземаат многу стратешки чекори за да создадат силна мрежа на овој пазар. Во тој контекст, активната работа на Агенцијата за акредитација Халал, која продолжува со своите активности во нашата земја, и побарувачката за настанот Халал експо што го организираме, се сѐ поголеми од ден на ден.“
- „Предвидуваме повеќе од 40.000 посетители, од кои 10.000 странци
Јунус Ете изјави дека работата за 9. Светски самит за Халал и 10. Саем на OИС „Хслал експо 2023“, најголемата светска организација за халал, продолжуваат со полна брзина.
Зборувајќи дека компаниите кои бараат алтернативни врати за извоз, годинава покажале дополнителен интерес за саемот, Ете го даде следниот коментар:
„Има голема побарувачка за саемот „Халал експо“ што ќе го организираме во Истанбул саемскиот центар од 23 до 26 ноември. Минатата година на саемот учествуваа 446 локални и странски компании од 39 земји и имавме 31.905 посетители. Оваа година очекуваме учество на повеќе од 500 домашни и странски компании од повеќе од 40 земји. Освен тоа, предвидуваме повеќе од 40.000 посетители, од кои 10.000 странци.
Секоја година на нашиот саем учествуваат значајни компании од областа на храната, прехранбените технологии, козметиката, фармацевтските производи, текстилот/скромната мода. Оваа година, исто така, има сериозна побарувачка за учесници од секторите поврзани со исламските финансии и халал туризмот.“
Наведувајќи дека Светскиот халал самит се одржува истовремено со саемот, Ете рече дека овогодинешната тема на самитот е „Порта кон глобалната халал економија: реализирање и откривање на потенцијалите“. Ете рече дека организирале голем број активности како што се акредитација, сертификација, храна, медицина-хемија-фармацевтски производи, туризам и финансии, на кои ќе се дебатира за халал економијата, и додаде дека водечките светски имиња, кои имаат големи активности на ова поле, ќе ги споделат најновите податоци на панел-дискусиите.
- 1.000 готвачи ќе се натпреваруваат на Меѓународното првенство во готвење
Претседателот на самитот на Светскиот совет за халал, Ете, потсети дека од 2018 година истовремено со саемот и самитот го организираат и Меѓународното првенство на готвачи и изјави дека оваа година настанот ќе биде многу посеопфатно организиран. Ете во врска со овој настан ги сподели следните информации:
„Оваа година 1.000 готвачи ќе учествуваат на Меѓународното првенство на готвачи, што го организираме во соработка со турската Конфедерација на готвачи и слаткари (TAŞPAKON) и Светската платформа за здруженија на готвачи на исламските земји (WICS).
Покрај меѓународниот натпревар за готвачи, ќе одржиме и конференција 'Chefs Talks' на која ќе учествуваат претставници на синџири на хотели, светски познати менаџери на ресторани-кафулиња и луѓе од областа на гастрономијата. Ќе организираме натпревари во категорија на кои ќе се натпреваруваат ученици и студенти од средните училишта и универзитетите за гастрономија. Ќе организираме и посебна кулинарска активност за нашите деца кои се дефинирани како инвалиди, но според нас, се лица со посебни потреби. Од убавите јадења што тие ги подготвиле ќе бидеме задоволни и ние, и нашите семејства и нашите деца.“