Dildar Baykan Atalay,Salih Okuroğlu
15 Септември 2023•Ажурирај: 17 Септември 2023
ОУКЛЕНД (АА) - Технолошката компанија Гугл се согласи на американската сојузна држава Калифорнија да ѝ плати 93 милиони долари за тужбата во која беше обвинета дека „ги заведува потрошувачите во врска со апликациите за следење локација“, известува Анадолу.
Јавниот обвинител на Калифорнија, Роб Бонта, објави писмено соопштение во кое наведува дека во текот на истрагата утврдиле дека иако Гугл вели дека следењето се прекинува кога корисниците ќе го исклучат следењето на локација, сепак Гугл продолжил да ги следи трагите на движење.
Посочувајќи дека Гугл продолжува да ги следи движењата на корисниците заради лична комерцијална добивка, Бонта во соопштението вели: „Ова е неприфатливо и со денешната спогодба сметаме дека Гугл е одговорен.“
Како дел од договорот, Гугл ќе ѝ плати 93 милиони долари на државата Калифорнија.
Гугл од своја страна изјави дека нема никаква вина по ова прашање, но прифати некои од ограничувањата во рамките на договорот.