економија

САД: Се предвидува поскапување на барел нафта за половина долар, а следува намалување на производството

- САД во ноември 2018 година ги надминаа Саудиска Арабија и Русија и станаа земја со најголемо производство на сурова нафта во светот

Sibel Morrow  | 10.09.2020 - Обновена : 11.09.2020
САД: Се предвидува поскапување на барел нафта за половина долар, а следува намалување на производството

ЊУЈОРК

Канцеларијата за информирање во енергетскиот сектор во САД (EIA) ја ревидира проценката и ја зголеми годишната цена на нафтата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Канцеларијата во септемврискиот извештај предвиде дека цената на нафтата од типот „Бренд“ по барел ќе изнесува 41,9 долари, а во августовскиот извештај беше предвидено таа да изнесува 41,4 долари.

Во првиот квартал од оваа година барел нафта „Бренд“ во САД изнесуваше 50 долари, за во вториот квартал цената да падне на 29 долари. Соодветно на проценките, во третиот квартал цената на нафтата би требало да изнесува 43,9 долари, а во последниот квартал таа би требало да се зголеми на 49 долари.

Во извештајот се наведува дека во наредните месеци би можело да дојде до ново зголемување на количествата на складирана сурова нафта и дека тоа би можело повторно да предизвика превривања на пазарот.

Канцеларијата за информирање во енергетскиот сектор во САД предвидува дека САД овогодишното дневно производство од 11,4 милиони барели нафта веќе следната година ќе го намали на 11,1 милион барели.

САД во ноември 2018 година ги надминаа Саудиска Арабија и Русија и станаа земја со најголемо производство на сурова нафта во светот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın