Emre Gürkan Abay
02 Март 2022•Ажурирај: 02 Март 2022
МОСКВА (АА) ‒ Најголемата руска банка „Сбербанк“ соопшти дека по воведените санкции се повлекува од европскиот пазар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на „Сбербанк“ се нагласува дека филијалите на компанијата во Европа доживеале „вонреден“ одлив на готовина.
Исто така, се наведува дека има закани кон вработените и филијалите на компанијата и дека „Сбербанк“ одлучила моментално да се повлече од европскиот пазар.
Австриската управа за пазари на капитал (FMA) соопшти дека „Сбербанк Јуроп“ е затворена по налог на Европската централна банка (ECB).