Övünç Kutlu
12 Декември 2018•Ажурирај: 13 Декември 2018
АНКАРА (АА) - „Русија ќе го намали производството на нафта постепено по договорот со ОПЕК, со планови за првично намалување на производството за најмалку 50.000 барели дневно (bpd)“, истакна рускиот министер за енергетика, Александар Новак, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Веќе постои план за намалување на производството на нафта по месеци. Планот предвидува постепено намалување на производството на нафта во согласност со постигнатиот договор“, изјави Новак за руската новинска агенција „Прајм бизнис“
„Очекуваме во јануари да го намалиме производството за околу 50.000 - 60.000 барели дневно“, додаде тој.
Рускиот министер Новак истакна дека планира да се состане со извршните директори на руските нафтени компании, со цел да ги распредели квотите за намалување на производството до крајот на 2018 година.
Почетното ниво е многу помало од она што земјата го соопшти како дел од договорот помеѓу земјите од ОПЕК и земјите производители кои не се во ОПЕК, постигнат во Виена минатата недела.
Новак минатиот петок изјави дека руското производство на сурова нафта во октомври достигнало 11,4 милиони барели на ден. Москва се согласи да намали 2 отсто од ова ниво, еквивалентно на околу 228.000 барели на ден.
Како дел од договорот, додека производителите надвор од ОПЕК, вклучувајќи ја и Русија, ќе ги намалат нивните вкупни залихи за 400.000 барели на ден, почнувајќи од 1 јануари, шест месеци, членките на ОПЕК ќе направат вкупно намалување од 800.000 барели на ден, од кои 500.000 барели само од Саудиска Арабија.
Планот на Москва за постепеното намалување на производството на нафта може да се должи на сезонските ограничувања, бидејќи е потешко за Русија да го намали производството во текот на зимата.