Şenhan Bolelli
12 Декември 2018•Ажурирај: 13 Декември 2018
МАДРИД (АА) - Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека минималната плата во Шпанија ќе биде зголемена за 22 отсто, односно дека ќе изнесува бруто 900 евра, јавува Anadolu Agency (AA).
Санчез во текот на заседавањето на шпанскиот Парламент одговараше на прашањата на претставниците на опозицијата, при што потврди дека минималната плата во државата ќе биде зголемена со рекорден процент, најголем од 1970 година.
Премиерот истакна дека на 21 декември во Барселона ќе се одржи седница на Владата на Шпанија на која ќе биде усвоена одлуката за зголемување на минималната плата во Шпанија на 900 евра.
„Богата земја не може да има сиромашни работници“, рече Санчез.
Во периодот од 2008 до 2016 година во Шпанија минималната плата доживеа многу мало зголемување, и во наведениот период од 600 беше зголемена на 655 евра. Во 2017 година оваа бројка се зголеми на 707 евра, а во 2018 година на 735 евра.
Се очекува зголемувањето на минималната плата во Шпанија да биде почувствувано од најмалку 1,6 милиони жители, првенствено од младите и жените.