Elena Teslova
15 Ноември 2024•Ажурирај: 20 Ноември 2024
МОСКВА (АА) - Русија воведе привремени ограничувања за извозот на збогатен ураниум во Соединетите Американски Држави (САД), се вели во уредбата објавена денес на веб-страницата на Владата, пренесува Анадолу.
„Ограничувањата се однесуваат на извозот на збогатен ураниум во САД или други договори за надворешна трговија во кои се вклучени субјекти регистрирани во јурисдикции на САД“, се вели во објаснувањето на уредбата.
Се додава дека исклучоци ќе бидат направени за испораки овластени со еднократни лиценци издадени од Федералната служба за техничка и извозна контрола.
Оваа мерка е одговор на американските ограничувања за увоз на производи од руски ураниум од 2024 до 2027 година, што ќе прерасне во целосна забрана во 2028 година.
Рускиот претседател Владимир Путин наложи проценка за ограничување на извозот на стратешки суровини во септември.