Ata Ufuk Şeker
05 Декември 2018•Ажурирај: 05 Декември 2018
БРИСЕЛ (АА) - Забележан е раст од 0,3 отсто кај продажбата на мало во Еврозоната во октомври, во споредба со претходниот месец, пренесува Anadolu Agency (AA).
Евростат ги објави податоците за продажбата на мало во октомври во Европската Унија (ЕУ) и Еврозоната.
Според нив, продажбата на мало во Еврозоната која има 19 членки, забележа раст од 0,3 отсто во октомври, во споредба со претходниот месец, а забележа пад од 0,5 отсто во споредба со истиот период во 2017 година.
„Продажбата на мало во ЕУ забележа раст од 0,1 отсто во овој период, а забележа пад од 0,3 отсто во споредба со истиот период минатата година.“
Земјите во кои е забележан најголем раст кај продажбата на мало се Словенија (раст од 7,9 отсто), Португалија (раст од 2,3 отсто) и Австрија (раст од 1,6 отсто), додека во Финска, Данска и Шведска е забележан пад во продажбата на мало во овој период.