Ekipa
03 Декември 2018•Ажурирај: 05 Декември 2018
ДОХА (АА) - Катар соопшти дека во јануари 2019 година ќе се повлече од Организацијата на земји извознички на нафта и нафтени деривати (OPEC), јавува Anadolu Agency (AA).
Катарскиот министер за енергетика, Саад Шериде ел Каби, на прес-конференција истакна дека неговата земја на 1 јануари 2019 година ќе се повлече од ОПЕК.
Осврнувајќи се на блокадата на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Бахреин и Египет кон Катар, Каби нагласи дека одлуката на неговата земја за повлекување од OPEC не е донесена поради политички причини.
Тој истакна дека оваа одлука, која целосно е техничка и стратешка, е донесена за зајакнување на улогата на Доха на глобалниот енергетски пазар.
ОПЕК поседува две третини од нафтените резерви во светот, и е формирана во 1960 година во Багдад, од страна на Иран, Ирак, Кувајт, Саудиска Арабија и Венецуела.
Заедно со Катар, ОПЕК има 15 земји членки.
Катар дневно произведува 650.000 барели нафта, и е најголемиот извозник на течен природен гас во светот.