Uğur Aslanhan
10 Март 2023•Ажурирај: 13 Март 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на патници на Туркиш ерлајнс (THY) во првите два месеци од оваа година е зголемен за 38 отсто во однос на истиот период минатата година, и достигна 10,9 милиони, јавува Анадолу.
Туркиш ерлајнс ги објави најновите податоци за воздушниот сообраќај за февруари 2023 година.
Според тоа, бројот на патници во февруари со раст од 22,5 отсто е зголемен на 4,9 милиони, додека бројот на меѓународни патници со раст од 69,7 отсто се зголемил на 2,1 милион, со што стапката на пополнување на седиштата во авионот е 81,3 отсто.
Вкупниот број патници во јануари и февруари годинава е зголемен за 38 отсто, од 7,9 милиони на 10,9 милиони, во споредба со истиот период минатата година.