Ekipa
20 Февруари 2022•Ажурирај: 21 Февруари 2022
ТРАБЗОН (АА) – Приходите на Турција од извозот на црноморскиот лосос пораснаа за 82 отсто во последните шест години, покажуваат податоците на трговската групација, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турција извезе 23.375 тони лосос во 2021 година со вкупна вредност од 135,5 милиони долари, што е за 82 отсто повеќе на вредносна основа, според информациите на Здружението на извозници од источниот регион на Црното Море.

Извозот оди во 22 земји, а главни увозници се Русија, Германија и Виетнам.
Ахмет Хамди Ѓундоган, заменик-претседател на одборот на групацијата, изјави дека извозот на лосос може да достигне до една милијарда долари.