Beyza Binnur Dönmez
20 Февруари 2022•Ажурирај: 23 Февруари 2022
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа 16 терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија и Ирак, преку границата со Турција, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Четиринаесет од терористите се неутрализирани откако отворија оган кон зоните на операцијата „Извор на мирот“ и операцијата „Штитот на Еуфрат“ во северозападна и северна Сирија“, објави Министерството на Твитер.
Од 2016 година, Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница, во северна Сирија, за да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите, тоа се „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во друг твит, Министерството подоцна објави дека уште двајца терористи на ПКК се неутрализирани во воздушен напад на турските сили во регионот Метина во северен Ирак.
Терористите на ПКК се кријат во северен Ирак, преку јужната граница на Турција, каде што планираат изведување терористички напади во Турција.
Во терористичката кампања против Турција, што трае повеќе од 35 години, терористичката организација ПКК, која е на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија, одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои има деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.