Besar Ademi
10 Август 2016•Ажурирај: 11 Август 2016
СКОПЈЕ (АА) – Поплавите кои го зафатија Скопско вечерта на 6 август, освен 22 жртви и материјална штета на жителите во населбите, предизвикаа последици и врз економијата и компаниите кои вршат дејност во поплавеното подрачје, јавува Anadolu Agency (AA).
Според проценките на управителите на компаниите, бројот на компании кои вршат дејност во оваа област изнесува 400, додека само во економската зона, каде што вршат дејност над од 20 компании, проценетата штета изнесува 15 милиони евра.
Претставникот на една компанија погодена од поплавите компании, Ремзи Исаку, во име на компаниите од оваа област, истакна дека и покрај нивните огромни загуби, тие се подготвени да им помогнат на жителите погодени од оваа природна катастрофа. Тој додаде дека се погодени и различни видови на бизниси, како што се фирмите за апарати за домаќинство, електрични апарати и компаниите за прехранбени производи.
„Штетата беше проценета на 100 отсто. Тоа се фирми кои вршат дејност веќе 7-8 години и кои имаат до 25-годишно искуство во работењето, стари фирми кои плаќаат данок на државата, а сите вработени се со платени придонесите“, рече Исаку.
Компаниите кои вршат дејност во оваа област побараа од Владата, со вклучување на релевантните институции и претставници од групата на бизниси, да создаде механизам кој ќе ја процени штетата на компаниите и бизнисите, и по поминувањето на првата фаза од вонредната состојба, да преземат конкретни мерки за да им помогнат на овие бизниси, како и да бидат дел процената на штетите.