Gökhan Yıldız
09 Април 2019•Ажурирај: 10 Април 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Директорот на Финансискиот центар во Лондон, Питер Естлин, изјави дека економијата на Република Турција моментално е 13-та во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Здружението на турски стопанственици и индустријалци (TUSIAD) организираше собир со наслов „Ревидирање на турско-британската соработка по Брегзит“.
Естлин во обраќањето до учесниците истакна дека Велика Британија пред две години била втор најголем пазар за турскиот извоз.
„Турција е еден од најважните економски партнери на Велика Британија. Билатералните односи се добри и потребно е нивно дополнително развивање“, рече Естлин.
Тој го пофали економскиот развој на Турција, а посебно укажа на високиот степен на услуги во турскиот туристички сектор.
„Турската економија порасна. Моментално е 13-та во светот. Турската економија расте побрзо од европските економии“, рече Естлин.
Генералниот секретар на Здружението на турски стопанственици и индустријалци (TUSIAD), Бахадир Калеагаси, рече дека здружението има задача да го анализира раководењето, финансиите и реформите, и да креира најповолни услови за работење.
„Ги разгледуваме и сите можности со цел да пронајдеме најадекватен начин за интеграција на турската економија во Европската Унија“, рече Калеагаси.