Турција

Ердоган: Турција ја презема водечката улога во меѓународната дипломатија за мир

„Како единствена земја на која сите страни ѝ веруваат“, Турција е подготвена да придонесе за мировните преговори меѓу Русија и Украина во четврток во Истанбул, и со задоволство ќе биде нивен домаќин, рече Ердоган

Esra Tekin  | 12.05.2025 - Обновена : 12.05.2025
Ердоган: Турција ја презема водечката улога во меѓународната дипломатија за мир Фото: Emin Sansar/АА

ИСТАНБУЛ (АА) – Турција стана земја која светот ја гледа како клучен актер во дипломатијата за мир, во помошта, во поддршката и медијацијата на глобално ниво, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

„Претходно разговаравме со украинскиот претседател (Владимир) Зеленски. Минатата недела разговаравме за ова (украинско) прашање и со американскиот претседател Трамп, во врска со чекорите што можеме да ги преземеме за да го запреме крвопролевањето“, рече Ердоган по претседавањето со состанокот на Кабинетот во главниот град Анкара.

„Ние, исто така, ја поддржуваме волјата на мојот драг пријател (американскиот претседател Доналд) Трамп за решавање на жестоките конфликти преку дијалог и дипломатија. Фала му на Бога, Турција стана земја барана за помош, поддршка и медијација во глобалната мировна дипломатија.“

Во врска со тековните напори за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина, која сега е во четвртата година, Ердоган рече дека „како единствена земја на која сите страни ѝ веруваат“, Турција е подготвена да придонесе за мировните преговори меѓу Русија и Украина во четврток во Истанбул, и со задоволство ќе биде нивен домаќин.

Неодамнешните контакти во врска со војната меѓу Русија и Украина отворија нови можности, рече турскиот претседател, изразувајќи верување дека оваа шанса „нема да биде пропуштена“.

Во врска со тензиите меѓу Пакистан и Индија, Ердоган го поздрави неодамна прогласениот прекин на огнот меѓу двете страни, повикувајќи ги да избегнуваат понатамошни провокации.

Во однос на објавата на терористичката организација ПКК дека се самораспушта и се разоружува, Ердоган рече дека ова е клучен чекор за безбедноста на турската нација, регионалниот мир и трајното национално единство.

„Објавата за распуштање на ПКК ја гледаме како одлука што ги вклучува сите нејзини ограноци, особено во северен Ирак, Сирија и Европа“, додаде турскиот претседател.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın