Ekipa
03 Јуни 2018•Ажурирај: 04 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Пет здружени турски компании „Anadolu Group“, „BMC“, „Kok Group“, „Turkcell“ и „Zorlu Holding“ планираат да го направат првиот турски автомобил. Компанијата која ќе го произведува автомобилот е наречена Турска автомобилска иницијативна група, јавува Anadolu Agency (AA).
Мехмет Гурџан Каракаш, еден од водечките менаџери на технолошкиот гигант „Bosch“, кој е и успешен турски менаџер на глобалниот пазар на автомобили е именуван за извршен директор.
Каракаш во својата изјава истакна дека во изминатите 12 години активно учествувал на полето на автомобилската технологија.
„Роден сум во Турција, израснав тука, студирав во оваа земја и го направив својот прв чекор во деловниот живот“, изјави тој.
Исто така додаде дека е среќен што со овој проект има можност да го пренесе своето знаење и искуство во глобалниот пазар на својата земја.
„Бидете сигурни, Турција ќе произведе конкурентен бренд на глобалниот пазар“, додаде Каракаш.
Министерот за наука, индустрија и технологија, Фарук Озлу, истакна дека новиот проект е технолошки напредок за земјата.
„Како влада и министерство, ќе ја пружиме неопходната поддршка, особено во истражувањето и развојот, проектирањето и производството, исто така, ќе ги реализираме неопходните ангажмани за воспоставување на инфраструктура за електрични возила во Турција“, додаде Озлу.
Иницијативата за произвоство следуваше по повикот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за заеднички автомобилски проект на Турската унија на комори и берзи (TOBB) и Министерството за наука, индустрија и технологија на Турција.
Минатиот ноември, Ердоган најави дека прототипот на првиот произведен автомобил, чие производство ќе се одвива во Анкара, ќе биде готов во 2019 година, а ќе влезе на пазарот во 2021 година.
„Сакам да го поседувам првиот автомобил, под услов да платам за него. Никој не треба да се сомнева, ќе произведеме турски автомобил со најдобар дизајн и технологија, како за нашата земја, така и за светот“, изјави Ердоган во ноември.
Ердоган ги пофали напорите кои се вложени за да се обезбеди масовното производство на првиот автохтон автомобил да биде електрично или хибридно.
Турција се обиде да го произведе првиот автомобил во 1961 година „Деврим“ (Револуција), кој беше неуспешен обид. Производството е запрено по првите прототипови.