Ekipa
03 Јуни 2018•Ажурирај: 04 Јуни 2018
АНТАЛИЈА (АА) - По потонувањето на глисер во водите на Демре, во турската област Анталија, спасен е уште еден мигрант, јавува Anadolu Agency (AA).

Припадниците на турската Крајбрежна стража во 02:22 часот добиле дојава дека постои можност глисер на кој има илегални мигранти да е во опасност или да потонал.

На местото на несреќата упатени се неколку пловила, авион и хеликоптер на Крајбрежната стража.
Извлечени се телата на жена, шест деца и двајца мажи.

Градоначалникот на околијата Демре, Мурат Уз, изјави дека досега се спасени шестмина мигранти и дека им е укажана лекарска помош во локалната болница.
„Во првите изјави беше речено дека на глисерот имало 15 лица, но поради тоа што станува збор за ставови изнесени во време на шок, акциите за спасување продолжуваат“, рече Уз.